Атаман за осум часовниот тренинг на Панатинаикос: Морав да им одржам лекција

Ерата на Ергин Атаман на клупата на Панатинаикос започна со два порази од најголемиот ривал Олимпијакос, а тимот предводен од турскиот стратег не изгледаше воопшто на нивото на кое треба да биде ниту на средбата против Марусија во грчкото првенство.

По натпреварот одигран во понеделник Атаман ги „построил“ своите кошаркари со осум часовен тренинг, откриваат грчките медиуми. Дел од тренингот се состоел во видео анализа од одиграните натпревари, а дел од тренинг на теренот.

За целата ситуација пред медиумите говореше и Атаман кој изјави дека морал да им одржи лекција на своите играчи.

„Поминавме четири часа во видео собата. Можеби следната недела ќе поминеме седум часа таму. Работиме, ние сме нов тим и искрено во тие четири часа ние не го гледавме само Баерн. Ги анализиравме нашите грешки и видовме и што направивме како што треба. Тоа беше една добра лекција која морав да ја одржам“, изјави Атаман.

Се вчитува...