Е. Пелистер одигра уште еден разочарувачки натпревар во Европа, пред се во последните 20 минути од средбата, дозволувајќи убедлив пораз на гостувањето против ППД Загреб со 27-18.
Репрезентативецот на Македонија, Петар Атанасијевиќ не криеше по мечот дека е разочаран од конечниот иаход и пред се од фактот дека попушти концентрацијата во последните минути од средбата кога се кршеше резултатот.
„Во натпреварите од Лигата на шампионите треба да си фокусиран 60 минути. Ние не го издржавме истото темпо во текот на целиот натпревар а тоа ниту еден противник во Европа не го простува. Мислам дека двете екипи дадоа борбена партија, а на крај искуството на противникот пресуди“ – вели Атанасијевиќ.
„Пелистерци“ го запишаа и петтиот пораз во ЛШ во исто толку натпревари, Следен натпревар е против полски Кјелце на 25. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА