Атанасијевиќ: Ќе бидеме подобри отколку на првиот дуел со Колстад

Ракометарите на Е. Пелистер отпатуваа за Норвешка каде утре со почеток во 18.45 часот ќе му гостуваат на Колстад во рамките од последното коло од Лигата на Шампионите.

Скорот од 13 порази во првите 13 рунди е разочарувачки за македонскиот првак, но избраниците на тренерот Ангеловски најавуваат максимална ангажираност иако конечниот исход нема посериозно влијание врз изгледот на табелата, битолчани секако ја завршуваат сезоната на осмата позиција, додека Колстад ќе остане седмопласиран во групата.

Цел на ракометарите на Пелистер е во Норвешка да се одигра на повисоко ниво отколку на првиот дуел со овјо ривал во Битола, меч што Колстад премногу лесно го доби со 22-31.

„Колстад е квалитетен тим, има добри играчи, меѓу најдобрите во светот. Ќе бидеме подготвени за тоа што не очекува, верувам дека ќе бидеме подобри од првиот меч кој беше прво искуство за нас во Лигата на шампиони. Ова е последен натпревар за двете екипи во Лигата на шампиони, бидејќи нема да продолжиме во нокаут фазата. Ќе прикажеме добра игра и ќе се бориме во сите 60 минути“, изјави Павле Атанасијевиќ. 

Се вчитува...