Атанасијевиќ: Ќе дадеме се од себе, нека победи подобриот

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Павле Атанасијевиќ даде огромен придонес во ремито против Португалија, откако бекот доби невообичаена улога како лево крило по повредите на Џонов и на Петар Атанасијевиќ.

Павле беше одличен во оваа улога постигнувајќи важни голови при камбекот во второто полувреме, а на денешниот меч со Романија позицијата ќе ја дели со искусниот Гоце Ојлевски, кој синоќа пристигна во Хернинг и му се стави на располагање на стручниот штаб.

„Јас сум тука за да помогнам и да го направам сето она што селекторот ќе го побара од мене. Ситуацијата беше таква, немавме леви крила, среќен сум што дадов свој придонес и секогаш ќе дадам се од себе, без оглед на која позиција ќе треба да играм. Сега е тука  Ојлевски, така што мислам дека ќе бидеме во ред. одигравме одличен меч со Португалија, се вративме од негатива, би рекол и дека ја имавме победата во наши раце, но на крајот заврши со реми. Сега мораме да го оставиме тој меч зад себе и целосно да се фокусираме на Романија. Едно е сигурно, секој од нас ќе даде се од себе, целта е јасна, да победиме на овој натпревар. Подготвени сме за добар дуел, нека победи подобриот, верувам дека тоа ќе бидеме ние“, истакна Павле Атанасијевиќ во пресрет на денешниот дуел.

Мечот меѓу Македонија и Романија на програмата е вечерва со почеток во 18 часот.

Се вчитува...