Македонската репрезентација на 12. март ќе игра против Словенија во квалификациите за Европското првенство. Во салата „Борис Трајковски“, избраниците на Кире Лазаров, по успешниот настап на Мундијалот, ќе ги одмери силите со фаворитот во групата, кој има максимални „две од две“ во групата.
Селекторот Лазаров се соочи со проблем пред дуелот со оглед дека нема да може да смета на Петар Атанасијевиќ, кој мораше да го откаже настапот поради повреда. На негово место повик доби Цветан Кузманоски.
Мечот со Словенија е во рамки на третото коло во квалификациите. Македонија досега има една победа против Естонија и еден пораз од Литванија на гостински терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА