Атанасов: Го сочувавме најдоброто за крај

МЗТ Скопје забележа огромна победа во АБА2 лигата откако на гостински терен во Нови Сад ја совлада екипата на Војводина, со што „металците“ покажаа дека се подготвени да се носат со најсилните екипи во регионалното натпреварување. Тренерот Васко Атанасов не го криеше задоволството од изданието на својот тим на денешниот дуел.

„Благодарност до публиката во Нови Сад за аплаузот на крајот. Го сочувавме најдоброто за крај, ова беше наш најдобар меч на овој турнир и верувам дека заслужено победивме. На тимот на Војводина му посакувам многу среќа во натамошниот дел од сезоната“, кратко изјави Васко Атанасов по големиот триумф.

Нема сомнеж дека трите победи во Нови Сад целосно ја креваат атмсоферата по поразите од Пелистер и од Работнички во мак-шампионатот, па МЗТ полн со самодоверба ќе отпатува на куп-завршницата што за десетина дена ќе се игра во Битола.

Се вчитува...