Атанасов и Хајдук немаа сила за сензација против Вилјареал, Вадуц испиша историја за Лихтенштајн (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов и неговиот Хајдук од Сплит немаа сила за сензација против ланскиот полуфиналист во Лигата на шампионите Вилјареал.

Тие во плеј-офот од најмлодото фудбалско клупско европско натпреварување Конференциската лига загубија и во реваншот од шпанскиот претставник 0-2 и не успеаја да обезбедат европска есен.

Водство за „жолтата подморница“ од 0-1 донесе Педраца во 37. минута, додека конечните 0-2 ги постави Чуквезе во 56. минута. Атанасов овој натпревар го помина на клупата за резерви.

Вадуц испиша историја за фудбалот во Лихтенштајн, откако стигна до сензационална победа на гостувањето кај Рапид Виена со 0-1 и со тоа стана првиот тим од оваа земја кој што заиграл во групна фаза во Европа.

Во групите во Конференциска лига се пласираа и: Партизан, Андерлехт, Вест Хем, Фиорентина, Ница, Зрињски…

HNK Hajduk Split 0 – [1] Villarreal CF – Alfonso Pedraza 37′ from soccer

Се вчитува...