Атанасов: Ќе докажеме дека можеме да се носиме и во повисокиот ранг во Лигата на Нации

Македонија  е во Б сегментот во Лигата на Нации. Со победата над Фарски Острови, Македонија со 16 бодови си обезбеди добра позиција и за баражот за пласман на Мундијалот во 2026 година.

Јани Атанасов рече дека со нетрпение очекува да заигра со посилни репрезентација, и најави дека Македонија добро ќе се носи во Б сегментот во Лигата на Нации.

„Беше тежок натпревар, и тоа го очекувавме. Стратегијата беше да не брзаме, да бидеме трпеливи, да ја чекаме вистинската шанса. Тоа на крајот излезе, и на крајот успеавме да победиме. Тир бода и радост на Македонија. Сега ќе играме во повисок ранг, со посилни репрезентација. Во минатото докажавме дека можеме да се носиме со секого, ќе докажеме и сега во Б групата дека ќе се носиме и си посилни селекции“, изјави Атанасов.

Се вчитува...