Атанасов: Клучно за победата беше нашата одбрана во третата четвртина

Кошаркарите на МЗТ Скопје со денешната сосема заслужена победа над Борац Бања Лука од 67-61 со две врзани победи го завршија ноемврискиот балон од АБА 2 лигата на Златибор.

Тренерот на „металците“, Васко Атанасов сосема очекувано задоволен од настапот на своите избраници кои со двете победи се пробија и до водечките места на табелата во второто по квалитет регионално натпреварување.

„Клучно за победата беше нашата одбрана во второто полувреме, посебно во третата четвртина. Не може да кажам дека сме задоволни од сите елементи на нашата игра, но победа е победа и за нас ова е добар крај на овој балон. Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме на овој начин“ – истакна по мечот Атанасов.

Се вчитува...