Атанасов: МЗТ е тим со шампионски менталитет, добивме некои нови херои!

Васко Атанасов вечерва го прослави првиот куп-трофеј во тренерската кариера откако стратегот на МЗТ Скопје по голема борба успеа да го надмудри Дарко Радуловиќ и да го освои 12. куп-пехар за „сино-белите“ од Аеродром.

Воедно, тој не го криеше задоволството што дури и без помошта на Војдан Стојановски успеа да го совлада големиот противник, уште повеќе што улогата на херој му припадна на Дамјан Робев.

Се вчитува...