Атанасов: МЗТ Скопје е екипа на победници

МЗТ Скопје се радуваше на нов трофеј во својата историја откако во финалето на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ славеше над Кожув во драматична завршница во која херој на аеродромци беше Војдан Стојановски погодувајќи шут за три поени од „невозможна“ позиција на 30 секунди пред крајот на средбата.

Тренерот Васко Атанасов не го криеше задоволството од новиот успех наговестувајќи борба за одбрана на сите трофеи во првенството.

„Видовме доста неизвесен меч, јас и во најавата кажав дека ни следи интересен дуел. Се надевам дека публиката уживаше. За нас, ние сме се уште еден нов тим, екипата кој ја видовте на терен е заедно помалку од десет дена и имаа само еден меч заедно. Некои работи кои требаше да ги правиме подобро не ги правевме, но знам дека ќе ги исправиме. Имам екипа на победници, искусни и добри играчи, за кои немам сомнеж дека ќе играат доста подобро во иднина“, изјави Атанасов.

Се вчитува...