Aтанасов: Не е важно кој ќе биде противник на МЗТ во финалето

МЗТ Скопје на најдобар можен начин ја демонстрира својата моќ на завршниот турнир од Купотна Македонија што се игра во Гевгелија, откако бранителот на трофејот за помалку од 24 часа ги декласираше двата големи ривали, најпрвин Работнички, а денеска и актуелниот вицешампион Пелистр (103-88).

По мечот тренерот на МЗТ, Васко Атанасов изјави дека тие го контролирале целиот меч и одиграле во висок ритам.

„По првите три минути успеавме да го исконтролираме целиот меч. Влеговме во нашиот препознатлив ритам. Веќе го забораваме овој меч и со главите сме во големото финале. Ако ме прашате мене мојот тим е секогаш најдобар. Одигравме два натпревари во одличен ритам и се надевам дека ќе одиграме и утре така. За нас не е важно кој ќе биде противник во финалето“, изјави Атанасов. 

Се вчитува...