МЗТ Скопје импресивно го стартуваше настапот во АБА2 лигата откако вечерва славеше со убедливи 68-50 вопрвото коло против Теодо од Црна Гора.
Самиот факт дека беа примени само 50 поени е нешто од што стручниот штаб на „металците“ може да биде презадоволен, но тренерот Васко Атанасов јасно стави до знаење дека очекува подобри изданија во нападот од своите избраници.
„Честитки за моите кошаркари за покажаната желба и борбеност, кои ни ја донесоа посакуваната победа. Делувавме одлино во дефанзивата и тоа беше клуч завечерашниот триумф, додекаво нападот имаме уште за работа, што е разбирливо со огледшто е почеток на сезоната. Задоволен сум од приодот и дисциплината, иако верувам дека можеме многу подобро од прикажаното“, изјави Атанасов.
Следен предизвик за МЗТ Скопје е дуелот од Супер-купот на Македонија против Пелистер што на програмата е в сабота во СРЦ „Кале“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА