Атанасов: Одигравме перфектни 40 минути!

Тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов сосема очекувано не го криеше задоволството од изданието на своите кошаркари по убедливата победа (93-64) над Сутјеска во вториот натпревар од ноемврискиот балон во АБА 2 лигата.

Атанасов на прес-конференцијата по денешниот меч на Златибор кратко го потенцираше значењето од овој триумф кој носи дополнителен мотив кај „металците“ за продолжението од сезоната.

„Сите работи кои ги немавме на претходниот меч, сега ги имавме комплетно одигрувајќи перфектни 40 минути. За нас ова е многу важна победа против екипа како Сутјеска која е со состав и амбиции за врвот на табелата. Може само да им посакам многу успешни изданија во продолжението на шампионатот“ – истакна Атанасов.

Се вчитува...