Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром е првиот полуфиналист во кошаркарскиот Куп на Македонија, откако денеска во првиот меч од четвртфиналната понуда на Ф8 турнирот кој се игра во арената „Боро Чурлевски“ во Битола славеа над Гостивар со убедливи 91-76.
Tренерот на аеродромци, Васко Атанасов по мечот вели дека освен во првата четвртина, во останатиот дел го контролирале мечот.
„Освен првиот период сметам дека во останатиот дел го контролиравме мечот. Тешка прва четвртина бидејќи знаевме дека Гостивар е добар тим кој играш во егал со сите екипи сезонава. Сепак, ние веќе го забораваме овој дуел и се концетрираме на освојувањето на титулата. Генерално МЗТ има широк ростер и можев да бирам кој да игра. Не се сложувам дека одморив дел од играчите, туку само поради големиот ростер некој имаше помала минутажа“, изјави Атанасов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА