МЗТ Скопје стигна до втората победа во низа на АБА2-турнирот во Нови Сад, вкупно шеста за македонскиот првак по девет одиграни рунди во регионалното натпреварување. Тренерот Васко Атанасов имаше причина за задоволство ако се знае дека „металците“ доминираа во текот на целиот меч, нивно најдобро издание од почетокот на оваа 2024 година.
„Ова беше добар меч за нас освен првите три-четири минути, имавме контрола на двата краја од теренот во текот на целиот натпревар. За нас беше многу важно да стигнеме до триумфот и го сторивме тоа, ова беше тимска победа, кога ќе играме ваков меч на вакво ниво, особено во одбрана, не би сакал да издвојам ниту еден играч“, изјави Атанасов.
МЗТ Скопје на последниот меч од турнирот во Нови Сад ќе се сретне со домаќинот Војводина кој има скор 7-2 по првите девет рунди од ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА