МЗТ Скопје претрпе убедлив пораз од 102-74 на гостувањето против Златибор, со што „металците“ повеќе не се на врвот на табелата во АБА2 и сега имаат скор 3-2.
Тренерот Васко Атанасов не го криеше разочарувањето од конечниот исход, а како главна причина за убедливиот пораз го наведе шутерското расположение на домашните кошаркари.
„Кога противникот ќе ви даде 19 тројки, секогаш е тешко да се добие тој натпревар. Одигравме едно солидно прво полувреме, но вториот дел беше катастрофално, особено во одбраната и со некои решенија во нападот. Честитки до Златибор за победата, одиграа одличен меч, се надевам дека ќе се сретнеме повторно и во продолжението од сезоната. Ние одиме меч по меч, не гледаме предалеку, сметам дека генерално досега имавме добри резултати“, истакна стратегот на МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

