Атанасов разочаран: Слободните фрлања го решија победникот

МЗТ Скопје го претрпе и вториот пораз во третиот дуел од АБА2 лигата откако денеска прокоцка предност од 15 поени и загуби од Хелиос. Тренерот Васко Атанасов не беше премногу расположен за изјави по завршувањето на дуелот, па главната причина за неуспехот на својот тим ја потенцираше кај критериумот за прекршоци на двете страни.

„Слободните фрлања го решија победникот, тоа беше клучен фактор“, кратко изјави Атанасов.

Хелиос изведе 28 слободни фрлања на мечот (14/16 само Махкович), додека кошаркарите на МЗТ Скопје само 12 пати се најдоа на „пенал-линијата“, реализирајќи девет обиди.

„Секако, нема откажување. Пред нас се уште два натпревари и на двата ќе се обидеме да стигнеме до победата“, порача Атанасов, чии избраници до крајот на овој втор турнир од АБА2 ќе се сретнат со Сутјеска и со Борац.

Се вчитува...