Кошаркарите на МЗТ Скопје успешно ја стартуваа сезоната во АБА2 со убедлив триумф над Теодо, а „металците“ сега погледите ги вртат кон домашната сцена.
Веќе утре МЗТ излегува на мегдан со актуелниот вицешампион Пелистер во рамите од Суперкупот на Македонија, битка за првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона.
„Натпреварите со Пелистер секогаш се возбудливи и до крај неизвесни, па така очекувам да биде и утре во „Кале“. Противникот има релативно нов тим, кој допрва треба да го анализираме, но клучно за крајниот исход на оваа средба ќе биде начинот на кој ние ќе одиграме. Ако во дефанзивата бидеме како против Теодо, а убеден сум дека ќе бидеме далеку подобри во нападот, тогаш сигурно ќе бидеме многу блиску до посакуваниот трофеј. Ја прифаќаме фаворитската улога и сигурен сум дека ќе ја потврдиме на паркетот“, изјави тренерот на МЗТ, Васко Атанасов.
Мечот од Супер-купот на Македонија почнува утре во 19.30 часот во СРЦ„Кале“, а влезот е бесплатен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА