Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата во Суперкупот „Драган Василов Цевка“ откако вечерва во СРЦ „Кале“ славеа над финалистот од купот од минатата сезона Феникс со убедливи 76-54.
Тренерот на „металците“ Васко Атанасов вели дека одличната игра во вториот дел била клучна за триумфот на неговиот тим.
„Имавме едно лошо прво полувреме во напад и во одбрана, но во вториот дел бевме доста подобри и дојдовме до посакуваниот трофеј. Честитки до мојата екипа за победата и за трофејот кој ни беше зацртан да се освои. Целите се јасни за нас оваа сезона, одиме на секој меч на победа и на домашната сцена и во АБА-2 и се надевам на успех“, изјави Атанасов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

