Атанасов: Жал ми е што се играше пред празни трибини…

Васко Атанасов имаше причина за задоволство откако МЗТ Скопје славеше над Работнички и се пласираше во финалето од Купот на Македонија.

Сепак, младиот стратег на „металците“ по мечот изрази жалење што овој меч се одигра пред полупразни трибини во салата во Битола.

„Пред се, сакам да истакнам дека многу ми е жал што ова дерби се играше пред празни трибини. Претходните четири меча на овие две екипи беа атрактивни токму поради гледачите и сметам дека со нив, овој спектакл ќе беше потполн. Што се однесува до нашата игра, ако се знае дека сме биле во водствпо 35 минути против нашиот најголем ривал, тоа значи дека сме играле добро. Без разлика на тоа, го забораваме овој натпревар и се насочуваме кон утрешното финале“, изјави Атанасов.

Се вчитува...