Репрезентативецот на младата фудбалска селекција до 19 години, Јани Атанасов, вели дека и покрај тоа што Македонија даде се од себе да избори позитивен резултат, денеска загуби затоа што не ги искористи своите шанси. Атанасов очекува подобар настап на нашиот национален состав на следниот меч против Унгарија.
„Дадовме сите се од себе, но резултатот е разочарувачки. Ниту во еден момент не го потценивме противникот, изгубивме на наши грешки, загубивме концентрација. Не престанавме да се бориме ниту на 0-2, но едноставно не можевме да ги искористиме шансите. Тие пред се беа физички надмоќни, а имавме и доста проблеми со нивниот голман. Без разлика на исходот од овој меч, ние сме веќе фокусирани на мечот со Унгарија, на кој очекувам да играме подобро, па ако победиме, ќе изгинеме на теренот против Англија во решавачкиот натпревар“, изјави Атанасов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА