Атанасов: Знаевме дека ќе одиграме подобро во второто полувреме

МЗТ Скопје ја продолжи жетвата на трофеи во мак-баксетот освојувајќи го осмиот во низа со триумф во Суперкупот на Македонија над ривалот Пелистер во натпревар во кој победата беше осигурана со далеку подобра игра во второто полувреме.

Стратегот на аеродромци, Васко Атанасов не го криеше задоволството од прикажаното велејќи дека цел тим ја знаел тежината на натпреварот.

„Пред се мислам дека беше добар натпревар за гледачите. Ја знаевме тежината на самиот натпревар, но и дека после првото полувреме ќе одиграме далеку подобра одбрана и напад.

Честитки до моите играчи и стручен штаб за прикажаната игра, и благодарам на публиката за подршката во сите 40. минути. Ова за нас беше добро отварање на сезоната и нов трофеј во Аеродром“, вели Атанасов.

Се вчитува...