Атанасовска испиша нова историја во македонското алпско скијање

Македонската голема скијачка надеж, Јана Атанасовска, го подобри сопствениот рекорд од минатата сезона и запиша нов најдобар успех во историјата на македонското женско скијање.

Таа на првата ФИС слалом трка на 18. декември во Хохфуген (Австрија) освои 51.70 ФИС точки со кои постави најдобар личен успех во досегашната скијачка кариера, а во второто возење заостана само 0,33 стотинки зад првопласираната Ноа Шолос, која е учесник во Европскиот и Светскиот куп.

На трката одржана на 20. декември успеа да освои 47.90 ФИС точки кои нејзиното име го запишаа со златни букви во историјата на македонското женско скијање. Второто возење од истата трка го заврши со задоцнување од само 1,02 секунди после американката Лила Лапања, која исто така се натпреварува во Европскиот и Светскиот куп.

 

Се вчитува...