Македонската фудбалска репрезентација до 19 години утре од 15 часот, го игра првиот дуел од квалификацискиот турнир за пласман на ЕП кој што се одржува во Португалија. Нашиот национален тим ќе се сретне со Белгија која заедно со домаќинот е фаворит за освојување на првите две места во квалификациската група.
Избраниците на селекторот Ерхан Селими во претстојните мечеви влегуваат со максимална подготвеност и мотивираност да забележат што е можно подобар резултат. Репрезентативците имаа квалитетни подготовки за овој предизвик, а последната проверка беа двата дуели со Црна Гора.
„Секако дека сме подготвени за она што следува. Играњето за националниот дрес секогаш е голема привилегија и одговорност. Имаме добра генерација, добро се подготвуваме, како сега така и на изминатите неколку пријателски средби. Противниците се квалитетни но сметам дека можеме да се надигруваме со секого“, вели Лука Атанасовски пред утрешниот дуел во Гимараеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

