Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Атанасовски, кариерата ќе ја продолжи во редовите на косовскиот шампион Раховец.
По сезоната мината во Куманово, Атанасовски се одлучи да ја прифати понудата од тимот кој од неодамна е предводен од македонскиот стратег Горан Андоновски.
Атанасовски претходно во својата кариера има настапувано и за Аеродром, Работнички и Вардар во македонското првенство, како и клубови во Катар и Саудиска Арабија на интернационалната сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА