Тренерот на Хонвед, Атила Шупка не беше многу разорачан по поразот на неговиот тим од 2-1 во првиот дуел од стартното квалификациско коло за Лигата на Европа против Работничк.
Според Шупка на реваншот во Будимпешта ќе се одлучи патникот за следното коло, а тие сериозно ќе се обидат да го елиминираат македонскиот тим.
„Работнички го доби првиот меч, но има и реванш во Будимпешта… И двете екипи имаат реални шанси за пласман понатаму. Ние направивме две грешки и примивме два гола, но и постигнавме погодок кој многу ќе ни значи за реваншот. Сепак, ќе мораме многу подобро да одиграме во Будимпешта ако сакаме пласман во следното коло“ – истакна стратегот на Хонвед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА