Главниот град на Грција, Атина, денеска е под огромни безбедносни мерки, на ниво на Олимписки игри, за денешното финалето од Конференциската лига на УЕФА кое ќе се игра на стадионот на АЕК „Опап арена“, кој е со капацитет од околу 30.000 навивачи.
За финалната пресметка меѓу Олимпијакос и Фиорентина ќе бидат ангажирани повеќе од 5.000 полицајци, но и специјални хеликоптери и дронови со комплетно затворени улици во широк круг околу „АЕК Арена“.
Како што пренесуваат грчките медиуми, цела недела веќе се вршат детални безбедносни проверки на стадионот. Грците сакаат дуелот да мине без ниту еден инциденти, за да се испрати позитивна слика во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

