Атланта Брејвс се новите шампиони во МЛБ лигата

Екипата на Атланта Брејвс е новиот шампион во американската бејзбол лига (МЛБ). Тимот од Џорџија до четвртата титула стигна откако во финалната серија славеше над Хјустон Астрос со 4-2.

Тие во шестиот натпревар синоќа на гостински терен славеа со убедливи 7-0 и по 26 години повторно успеаја да ја освојат „Светската серија“.

 

Се вчитува...