Атланта го отпушти тренерот

НБА франшизата на Атланта Хоукс го раскинаа договорот со тренерот Нејт Мекмилан. Станува збор за тренерот кој пред неколку сезони ги предводеше „јастребите“ до финалето на Источната конференција.

Нејт Мекмилан е само во својата трета сезона во Атланта, а во првите две заврши добра работа.  Мекмилан има 99 победи и 80 порази како тренер на Атланта, додека сезонава не беа баш убедливи. Хокс имаат скор 29-30 и се осми во поредокот на Истокот.

Впечаток е дека проблеми има и со главниот играч на франшизата Тре Јанг, кој не е на нивото на напредок што се очекуваше. Во својата четврта сезона имаше просек од 26 поени и 10 асистенции, но и најмал процент на шут за три поени и најмал процент на шут од поле.

Хоукс со Мекмилан беа во конференциското финале во 2021 година кога беа елиминирани од Бакс, а минатата сезона брзо загубија од Мајами со 4-1 во првото коло.

Се вчитува...