Сериозна реакција актуелниве денови од домашните атлетски работници кои се револтирани од начинот на кој Атлетската федерација на Македонија ги одлучи патниците за младинската Олимпијада во Буенос Аирес, Аргентина.
Според известувањето од Иницијативниот одбор за промени во АФМ, од федерација во Буенос Аирес повеле повреден атлетичар од АК Студенти, Берат Мустафа, кој и според резултатите не го заслужил местото во македонската атлетска федерација во скок во височина.
„На младинската Олимпијада во Аргентина изоставен беше нашиот најдобар млад скокач во височина, Наско Стаменов кој е член на италијанската Пјаченца. Стаменков има личен резултат од 205 сантиметри што е најдобар македонски резултат и според ИААФ бодови е подобар од Мустафа. Ако Стаменов беше во Аргентина со тој негов резултат ќе беше и во финалето на младинската Олимпијада каде се влегуваше со прескокнати 198 сантиметри“ – велат од Иницијативниот одбор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА