Екстремните температури за дисциплините кои се одржуваат надвор од стадионот, но и екстремно празните трибини на стадионот се главните проблеми со кои се соочуваат атлетичарите на актуелното Светско првенство кое се одржува во Доха. Најтажно беше вчеравечер кога во финалето на 100 метри во женска конкуренција немаше ама баш речиси никој да ги види финалистките и освојувачките на медали.
„Чекавме до октомври за да се соочиме со ова. Светската федерација не изневери. Се натпреваруваат пред празни трибини. Спортистите работат напорно и доаѓаат овде и гледаат празен стадион. Кога влегов не ми се веруваше дек ова е Светско првенство“ – отворено реагира олимписката шампионка во седмобој од 2000 година, Денис Луис.
За празните трибини реакции постојано има и на социјалните мрежи и од обвичнте гледачи, но и од поранешни атлетичари. Дополнително, високите темератури, а особено големата влажност на воздухот им прават проблеми на маратонците и на натпреварувачите во брзо одење. На женската маратонска трка 28 од 68 натпреварувачки се откажаа, а голем дел од оние што стигнаа на целат побараа медицинска помош. Побендичката, Рут Чепнгетич, колабираше пред камерите додека даваше изјава по трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА