Профилот на атрактивната Парагвајка Лерин Франко на Инстаграм има повеќе од 250.000 следачи. Но, причините не се завидните спортски резултати, туку атрактивниот изглед.
Таа ја претставуваше својата земја во фрлање копје на Летните олимписки игри во Пекинг 2008 и во Лондон 2012. Сега, во интервју за европските медиуми се потсетува единствено на „сочни“ детали од учествата на Олимписките игри.
„На Олимписките игри може да видите и да доживеете се и сешто. Олимписките игри се испратени секогаш со многу секс во олимпиското село. На никого не му е важно какви резултати ќе постигне. Јас имав стотици презервативи и сите ги потрошив за тие месец дена, затоа што тогаш бев во шема со дечко од репрезентацијата кој исто така беше на Игрите“ – вели Франко.
Лерин денеска се занимава само со манекенство. Од 2014 година е далеку од спортот. Единствено манекенството е нешто кое во моментов ја воодушевува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА