Атлетик Билбао без Нико Вилијамс на мечот со Реал Мадрид

Нико Вилијамс поради повреда е изоставен од тимот за дуелот со Реал Мадрид. Крилниот напаѓач на Атлетико не отпатува за Мадрид на 32. натпревар од Ла Лига поради болки во препоните, објави веб-страницата на баскискиот клуб.

Вилијамс постигна гол во последните два натпревари – против Ренџерс (2-0) во Лига Европа и против Рајо Ваљекано (3-1) во Ла Лига .

На само 42 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања, тој има 11 гола и 7 асистенции.

Се вчитува...