Атлетик Билбао има негатива од три гола од првиот меч со Манчестер Јунајтед, а ионака минималните шанси за сензација се сведени само на теорија по последните информации околу составот со кој баскијскиот клуб допатува на „островот“.
Имено, во таборот на Атлетик недостигаат тројца клучни фудбалери во нападот, откако Ернесто Валверде реши да ги остави браќата Нико и Ињаки Вилијамс во Билбао заедно со Оихан Санцет.
Нико и Ињаки се најдобри стрелци на Атлетик сезонава во ЛЕ постигнувајќи по пет погодоци во ова натпреварување, додека Санцет како офанзивен играч за врска веќе има 17 гола во сите натперварувања сезонава. Тој не настапи ниту на првиот меч во Билбао, а ја загуби и трката со времето за да биде во комбинација за утрешниот реванш во Манчестер.
Покрај ова офанзивно трио, тренерот Валверде во тимот ќе го нема ниту стандардниот дефанзивец Дани Вивијан, кој доби директен црвен картон на првиот меч со Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

