Атлетик Билбао со 1-0 го совлада тимот на Лас Палмас, и се доближи до четвртото место, кое носи пласман во Лигата на шампионите идната сезона. Билбао сега може да се фокусира целосно кон освојување на трофејот во Лигата на Европа, со оглед дека ЛШ идната сезона е веќе речиси осигурана.
Ињаки Вилијамс уште во 5. минута стрелаше за предност на Баскијците, и истата беше задржана до крајот на мечот. И двата тима имаа шанси, едниот за израмнување и бод, другиот за запечатување на победата, но не беа искористени.
Виљареал загуби значајни бодови во борбата за пласман во европската елита, откако загуби изненадувачки од Селта со убедливи 3-0. Сепак, во тоа многу им помогна црвениот картон кој го доби Баи во 37. минута.
Лопез во 45. минута донесе предност, потоа Иглесиас во 53. минута ја зголеми, за на крај Аспас од пенал ги постави конечните 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА