Столе Димитриевски и Рајо Валјекано немаа свој ден на гостувањето против Атлетик Билбао, губејќи со 4-0 на мечот одигран попладнево во Баскија.
Фудбалерите на Атлетик од самиот почеток тргнаа во офанзива, имаа гол што беше поништен со ВАР, но тоа само ги мотивираше уште посилно да тргнат кон голот на Димитриевски. Гурузета го донесе Атлетик во водство во првиот дел, а победникот практично беше решен со автоголот на Еспињо во втората минута од второто полувреме.
Точка на убедливиот триумф на Атлетик ставија браќата Вилијамс, Ињаки биеше прецизно во 64. минута за 3-0, пред Нико Вилијамс четири минути подоцна да ги постави конечните 4-0 на „Сан Мамеш“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

