Атлетик Билбао потврди, Јерај Алварез по втор пат го победи ракот

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Јерај Алварез по втор пат се излечи од туморот на тестисите по успешните хемотераписки третмани. Јерај заврши со хемотерапијата која ја започна уште во јуни, а последните резултати од испитувањата покажуваат дека 22-годишниот Шпанец не покажува никакви знаци на тумор.

„Третманите за болеста кои започнаа во јуни, за Јерај завршуваат, па во следните неколку дена ќе може да се врати кај своите соиграчи и повторно за заигра на фудбалските терени. Истовремено, тој ќе биде надгледуван во текот на неговите активности во тренинг центарот на клубот“, потврди медицинскиот тим на Билбао.

Јерај наскоро ќе може да се приклучи на тренинзите на првиот тим на Билбао, а за тренерот Хосе Анхел Зиганда ќе биде како ново засилување во составот.

Одбранбениот фудбалер по втор пат се справува со оваа болест, откако во декември минатата година за прв пат му беше дијагностициран туморот. Откако ја помина првата операција и третманите, канцерот повторно се врати кај фудбалерот, по што одново мораше да отсуствува од терените.

 

Се вчитува...