Атлетик Билбао со еден пенал до нови три бода

Атлетик Билбао успеа да триумфира и на вториот меч на домашен терен во Ла Лига, славејќи на „Сан Мамеш“ против Рајо Валјекано со минимални 1-0.

Гостите се покажаа како цврст противник што не им дозволи премногу шанси на избраниците на Ернесто Валверде, но Атлетик сепак најде начин да стигне до трите бода, и тоа со пенал во 66. минута. По прегледување на ВАР-снимката главниот судија ја смени одлуката и покажа на белата точка, каде Сансет рутински реализираше за триумф на Атлетик Билбао.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...