Атлетика: Златни штафети за САД и за Канада

Денешниот ден на натпреварувањето во атлетика на ОИ во Париз донесе нови огромни возбудувања, па такаво машката штафета 4х100 метри триумфираше Канада. Оваа селекција ја сочинуваа Арон Браун, Џером Блејк, Брендон Родни и Андре де Грас, успевајќи да ја минат делницата за вкупно време од 37,5 секунди, за прво злато за Канада во оваа дисциплина уште од 1996 година во Атланта.

Второто место и припадна на штафетата на Јужна Африка со 37,57 секунди, третопласирани беа спринтерите од Велика Британија со 37,61, а за одбележување е катастрофата на Американците кои беа дисквалификувани поради погрешна промена.

САД стигна до злато во женската штафета 4х100 метри, откако Ричардсон, Томас, Џеферсон и Тери истрчаа фантастична трка и заслужено го освоија првото место. Велика Британија го освои второто место во оваа трка, а бронзата им припдна на атлетичарките од Германија.

Интересна беше и финалната пресметка на 400 метри во женска конкуренција, каде до златото стигна Паулино од Доминиканската Република со нов олимписки рекорд од 48,17 секунди. Сребрен медал освои Салва еид Насер од Бахреин, додека бронзена беше Наталија Качмарек од Полска.

Се вчитува...