Атлетико бара луда сума за Феликс, никој не сака да ја плати ниту позајмицата

Жоао Феликс сака да си замине од Атлетико Мадрид во текот на јануарскиот преоден рок, но тоа тешко може да се реализира поради огромните финансиски побарувања на шпанскиот прволигаш. Имено, Атлетико најпрвин бараше 100 милиони евра за Португалецот, сума што ниту еден клуб не сака да ја плати поради фактот дека станува збор за играч кој две години ја грее клупата кај Диего Симеоне, а немаше ниту добар настап на СП во Катар.

Како „план Б“ се споменуваше позајмица до крајот на сезонава, но и тука проблем е сумата што ја бара мадридскиот клуб. Имено, Атлетико инсистира на отштета од 15 милиони евра за шестмесечна позајмица, плус целосно покривање на платата на Феликс до крајот на сезонава (шест милиони евра).

Ова практично значи дека клубот што сака да го има Португалецот до крајот на сезонава ќе мора да издвои 21 милион евра, за потоа тој да се врати назад во Атлетико. Логично, ниту еден од заинтересираните клубови не е подготвен ни приближно да ја плати сумата што ја бара Атлетико. Арсенал и Манчестер Јунајтед се интересираа за Феликс, но за „вкупен пакет“ од максимум десет милиони евра, што е двојно помалку од она што Шпанците го бараат.

Се вчитува...