Атлетико без важни првотимци на мегдан со Ливерпул

Атлетико Мадрид ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување во Лигата на Шампионите против Ливерпул откако Диего Симеоне остана без помошта на петмина стандардни првотимци.

Новите засилувања Баења и Алмада поради повреди нема да патуваат со екипата за Ливерпул, а во Мадрид останаа и главниот напаѓач Хулијан Алварез, како и дефазивците Хименез и Кардозо. Во ваква ситуација, Диего Симеоне е принуден да бара поинакви решенија, па интересно ќе биде да се види со каков тим ќе истрча Атлетико утревечер на „Енфилд“.

Добра вест за Атлетико е што барем словачкиот дефанзивец Ханко доби зелено светло да патува со тимот во Ливерпул по повредата што ја заработи викедов против Вилјареал.

Се вчитува...