Атлетико два пати губеше, на крајот освои бод кај Виљареал (ВИДЕО)

Виљареал и Атлетико Мадрид приредија уште еден меч со многу голови, после минатосезонските 4-4. Сега во новата сезона во првото коло завршија 2-2, со тоа што сите голови паднаа во првиот дел.

Тогаш стрелец на четири гола за „жолтата подморница“ беше Александер Сорлот, кој сега се најде во улога на „гостин“ во дресот на Атлетико, и токму тој донесе бод за тимот на Симеоне.

Данјума во 18. минута со убав гол го донесе Виљареал во предност. Сепак, само две минути подоцна Љоренте со „проектил“ успеа да израмни.

Во 37. минута Коке си постигна автогол за ново водство на „жолтите“, а во финишот од првиот дел Сорлот со глава донесе израмнување, што беше конечен резултат на крајот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...