Атлетико го донесе „новиот Бускетс“ во Мадрид

Атлетико Мадрид го комплетираше првиот трансфер за наредната сезона, откако денеска обелодени дека шпанскиот репрезентативец Родри е нов член на „јорганџиите“. Станува збор за 21-годишен фудбалер кој настапува на позицијата последен играч за врска, а со своите 190 сантиметри многу потсетува на ѕвездата на Барселона, Серхио Бускетс.

Родри доаѓа во Мадрид од редовите на Вилјареал, а „жолатата подморница“ ќе заработи 20 милиони евра од овој трансфер.

Овој трансфер всушност претставува враќање на фудбалерот назад во Атлетико ако се знае дека Родри своите почетоци во кариерата ги мина во младинските категории на мадридскиот кллуб, пред да замине во Вилјареал. Тој беше европски првак со селекциите до 19 години и до 21 година на Шпанија, а во март го имаше своето деби и за сениорската репрезентација.

Се вчитува...