Маркос Љоренте од денеска и официјално е нов член на Атлетико Мадрид, откако шпанскиот прволигаш се договори со градскиот ривал за трансферот на младинскиот шпански репрезентативец. „Јорганџиите“ бараа замена за Родри, кој се наоѓа пред трансфер во Манчестер Сити, а изборот на тренерот Диего Симеоне падна токму врз Љоренте.
Атлетико Мадрид испрати понуда од 40 милиони евра, „кралевите“ бараа 10 милиони повеќе, но на крајот дадоа зелено светло за овој фудбалер за врска да се пресели на „Ванда Метрополитано“.
Љоренте е вториот фудбалер што во 21. век се сели директно од Реал Мадрид во Атлетико Мадрид, откако тоа беше случај со Хурадо во 2006 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА