Фудбалерите на Атлетико Мадрид го минаа градскиот ривал на табелата во шпанското првенство откако вечерва на домашен терен го прегазија Кадиз со 5-1 во натпревар од 33. коло во Ла лига.
Домаќините до брзо водство од 1-0 стигнаа преку Антоан Гризман уште во 2. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел истиот фудбалер ја удвои предноста за Атлетико на 2-0 во 27. минута.
Во второто полувреме сите дилеми околу победникот ги разрешија Алваро Мората во 49. минута и Јаник Караско во 57. Гостите во 72. минута преку Лозано намалија на 4-1, додека конечните 5-1 беа дело на Молина во 73. минута.
Во вториот меч од понудата во 22 часот Хетафе славеше на домашен терен против Селта Виго со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА