Атлетико го продава Феликс, и неговата замена ја купува повторно од Бенфика

Давид Нуњез од Бенфика, би можел да се пресели во Атлетико Мадрид, и да биде замената за Жоао Феликс. Феликс, кој дојде во Атлети токму од Бенфика, не ги оправда очекувањата како засилување кое чинеше над 100 милиони евра. Затоа Симеоне сака да го продаде, и најзаинтересиран за неговите услуги е Манчестер Сити кој е подготвен добро да плати за португалскиот репрезентативец.

Ако тоа се случи, тогаш Атлетико веднаш ќе тргне по Нуњез, кој би требало да го има за околу 65 милиони евра. Нукасл наводно нуди за него 60 милиони евра, но Бенфика ќе ја чека разврската со Атлетико или со друг клуб за да земе повеќе пари.

Се вчитува...