Атлетико губеше, па го растури Еспањол (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 4-2 беше подобар од Еспањол во 25. коло од шпанската Ла Лига. Иако губеа, избраниците на Диего Симеоне со одлична серија од четири гола, ги свртеа работите во своја корист, за нов триумф на патот кон Лигата на шампионите.

Жофре ги донесе гостите во предност уште во 6. минута. Но, Сорлот во 21. минута успеа да израмни и тоа беше резултат на полувремето.

Во 49. минута Џовани Симеоне донесе пресврт, во 58. минута Лукман зголеми на 3-1, а Сорлот уште еднаш стрелаше за 4-1.

Еспозито само успеа да го ублажи поразот.

Се вчитува...