Отсуството на половина од стандардните првотимци не му пречеше на Атлетико Мадрид да стигне до цел плен во мадридската пресметка со Хетафе, дуел што тимот на Диего Симеоне го доби со 2-0.
Сите дилеми околу победникот беа разрешени уште во првото полувреме ов кое Атлетико ги постигна двата погодоци, првиот преку Гризман, а вториот преку Саул Нигез, кој и самиот се врати на терените по повредата за да му помогне на десеткуваниот Атлетико на оваа средба.
Хетафе мечот го заврши со само девет фудбалери на теренот откако во последните минути црвени картони заработија Даконам и Кабрера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА