Атлетико и Јувентус наместо во Израел, ќе играат во Торино

Пријателскиот натпревар помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид кој требаше да се игра во Тел Авив, е одложен поради моменталната безбедносна ситуација во Израел, односно поради конфликтот на израелската војска и исламистите од појазот Газа.

Иако се чинеше дека натпревар ќе нема, сепак, Јувентус во соопштение наведува дека натпреварот ќе се одигра во Торино, во клупскиот тренинг центар на Јувентус. Мечот ќе се игра без публика, но ќе има ТВ пренос.

Тоа ќе биде последен натпревар за двата тима пред почетокот на италијанското, односно шпанското првенство идниот викенд.

Атлетико во Примера на 15. август ќе игра со Гетафе, а Јувентус истиот ден ќе игра против Сасуоло.

Се вчитува...